Навивачите нема да му простат: Со солзи се прости од Дортмунд, а сега оди во најголемиот ривал

Португалскиот фудбалер Рафаел Гереиро е пред трансфер во Баерн Минхен, соопштуваат германските медиуми. Гереиро против Мајнц го одигра последниот натпревар во дресот на Борусија, а утредента со солзи се прости од тимот. Меѓутоа сега подготвува големо предавство, кое навивачите нема да му го простат.

Наводно преговорите на Португалецот со тимот од Минхен се во напредна фаза, и се очекува во следните денови да се приклучи на германскиот првак.

Гериеро е интересен и за Реал Мадрид, меѓутоа веројатно ќе се одлучи да остане во Германија. Тој би дошол во таборот на „Баварците“ како слободен играч, со оглед дека му истече договорот со „милионерите“, а не се договори за негово продолжување.

Се вчитува...