Навивачко шоу во шопинг-центар – одговор на смешните антиковид мерки (видео)

Шведските власти направија вистинска пародија од фудбалот во оваа земја откако дозволија присуство на навивачи – но на САМО ОСУМ фанови на стадионите ширум Шведска.

Ваквите антиковид мерки наидоа на критики од спортската јавност, но најсилната порака ја испратија навивачите на АИК, кои за време на денешниот дуел на нивниот тим се собраа да навиваат. Но бидејќи тоа не им е дозволено на стадион, тие се собраа во шопинг-центар, каде е дозволено присуство на поголеми групи на луѓе.

Шопинг-центарот беше обоен во боите на АИК, имаше и транспаренти кои се однесуваа на смешната одлука на властите, но останува да се види дали овие мерки наскоро ќе бидат променети.

Се вчитува...