Навратилова повторно го „пецна“ Ѓоковиќ: Тој мисли дека прави нешто добро, но не е така!

Легендарната тенисерка, Мартина Навратилова, повторно испрати нови „отровни стрели“ кон Србинот, Новак Ѓоковиќ.

Ветеранката овојпат потенцираше дека не ѝ се допаѓа Унијата на играчи на Ѓоковиќ (ПТПА), која е создадена за да им се помогне на тенисерите и тенисерките.

„Новак мисли дека ја прави вистинската работа, но не е така. Не се согласувам со него, но тоа е негов избор. Тоа секако не му помогна на тениски план. Мислам дека е подобро тој малку да се тргне настрана и да ја насочи својата енергија во нешто што навистина ќе донесе подобрување“, изјави Навратилова.

За потсетување, ПTПA беше формирана на крајот на 2020 година и оттогаш води голема борба со тениските организации, пред се со АТП.

Се вчитува...