Назор: Тимскиот дух ни ја донесе победата

Тренерот на МЗТ Скопје, Анте Назор презадоволен што неговиот тим стигна до посакуваната победа против ривалот Карпош Соколи, особено што неговиот тим покажа караткер во драматичната завршница.

„Очекувавме победа,  со таков став влеговме во натпреварот.  Имавме доста грешки, но покажавме дека сме тим. Оваа победа ќе ни помогне да создадеме тимска хемија, тимски однос, што во моментов ни е најважно, бидејќи тоа недостасува кај нас, цело време заминуваат играчи, доаѓаат нови лица и многу е тешко да се изгради хемија покрај такви промени. Полесно е да се поправаат грешки на победа отколку на пораз. Се надевам така ќе продолжиме и на следниот натпревар и до крајот на сезоната.“ – изјави Назор.

Се вчитува...