НБА ги раздели Јасикевичиус и Барселона?

Шарунас Јасикевичиус и Барселона се разделија и покрај очекувањето литванскиот стратег и шпанскиот клуб да ја продолжат соработката која траеше од 2020 година. Шпанските медиуми ја бараат причината за изненадувачката одлука, а открија дека во истата е вмешан НБА тим.

Станува збор за Мемфис Гризлис кој му понудил на Литванецот да биде прв помошен терен со тригодишен договор вреден шест милиони долари.

Јасикевичиус беше желба на Мемфис Гризлис и во 2019 година, но литванскиот стратег тогаш ја одби понудата за преселба „преку барата“. Сега работите се променети, а по европската авантура со Жалгирис и Барселона 43-годишникот е подготвен за предизвикот.

Се вчитува...