НБА го објави составот на „Ѕвезди во подем“ за Ол-старот

Виктор Вембањама од Сан Антонио е најзвучното име на списокот на „Ѕвездите во подем“ кој го објави НБА. Во него се вклучени 21 играчи, и седум кошаркари од „Г лигата“.

Дебитантите (11) и кошаркарите кои втора сезона се во НБА (10), ќе бидат поделени во три тима за време на специјалниот драфт на 6. февруари. На мини турнирот ќе настапат четири екипи со по седум игрчи.

Тренер ќе бидат Пау Гасол, Тамика Кечингс, Џејлен Роуз и Детлеф Шремпф.

Се вчитува...