НБА ЛИГА: Феникс дојде до 13 победи по ред,

Феникс дојде до 13. победа по ред во НБА лигата. Тие ноќеска го совладаа Сан Антонио 115:111. За тимот од Аризона ова е трета најдолга победничка серија во историјата, а до нова победи ги предводеше Девин Букер со 23 поени. Феникс сега има 14 победи вкупно, со три порази, додека Сан Антонио е во криза, и има само четири победи во 16 меча.

Кошаркарите на Атланта го совладаа тимот на Оклахома со 113:101, продолжувајќи ја победничката низа од петти триумф по ред. Јанг беше најрасположен со 30 поени, додека Клинт Капела постигна оствари дабл-дабл со десет скокови и 15 скока.

Атланта сега има 8-1 учинок на свој терен, додека на гостински терен има само една победа и осум порази.

Индијана убедливо го совлада Чикаго на гости со 109:77. Домантас Сабонис во победничкиот тим беше најефикасен со 21 поени и 11 скока. За Индијана ова неше осма победа, додека Чикаго го запиша и шестиот пораз.

Бруклин на гости беше подобар од Кливленд со 117:112. Тимот до победа го предводеше Кевин Дјурент со 27 поени. Со тоа Бруклин го задржа првото место во Источната конференција.

 

РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Бруклин 112-117
Вашингтон – Шарлот 103-109
Атланта – Оклахома 113-101
Бостон – Хјустон 108-90
Чикаго – Индијана 77-109
Милвоки – Орландо 123-92
Њу Орлеанс – Минесота 96-110
Сан Антонио – Феникс 111-115
Јута – Мемфис 118-119
Сакраменто – Филаделфија 94-102

Се вчитува...