НБА ЛИГА: Мидлтон и Адетокумбо го однесоа Милвоки до триумф над Индијана

Шампионот Милвоки дојде до трета победа во НБА лигата откако ноќеска го совлада составот на Индијана со 119:109. Најефикасни на средбата беа Адетокумбо и Мидлтон кои го однесоа тимот до триумф. Адетокумбо даде 30 поени, имаше и 10 скокови и девет асистенции, а Мидлтон постигна 27 поени со 5 скока и 7 асистенции.

Иако лошо отворија во првата четвртија и на загубија, сепак, со убедлива партија во втората и третата четвртина, направија голема разлика, па и добиената четврта четвртина од Индијана не беше доволна да избегне пораз.

Бостон Селтикс суди по продолженијата успеа да го совлада тимот на Шарлот на гостувањето со 129:140. Татум потигна неверојатни 41 поен, со седум скока и осум асистенции, со што го однесе својот тим до триумф. Во продолжението Бостон беше убедлив, го доби со 11 разлика.

Атланта на домашен терен беше подобар од 122:104, додека Бруклин со 104:90 беше подобар од Вашингтон. Мајами го совлада тимот на Орландо, а гостински победи остварија Чикаго, Њу Орлеанс и Кливленд. ЛА Клиперс на домашен терен беа подобри од Портланд.

РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот  – Бостон 129:140 (по продолженија)
Индијана – Милвоки 109:119
Атланта – Детроит 122:104
Бруклин – Вашингтон 104:90
Мајами – Орландо 107:90
Торонто – Чикаго 108:111
Минесота – Њу Орлеанс 98:107
Денвер – Кливленд  87:99
ЛА Клиперс – Портланд 116:86

Се вчитува...