Кошаркарите на Милвоки предводени од одличните Мидлтон и Адетокумбо, го совлада тимот на Сан Антонио Спарс со 121:111. Мидлтон беше најефикасен кошаркар на средбата со 28 поени, додека Гркот Адетокумбо постигна седум помалку.
Предноста Бакси ја стекнаа во втората и во четвртата четвртина кои ги добија во своја корист, додека во првата и во третата беше нерешено.
Најдрамтично беше на дуелот Индијана – Мајами кој го добија домашните по продолженијата со 102:91. За гостите не помогнаа ниту 30-те поени на Тајсон Хиро.
Кошаркарите на Атланта го забележаа првиот пораз во новата сезона. Атланта е поразена на гостувањето кај Кливленд со 101:95. Во еден момент Атланта беа во негатива од 21 разлика. Рубио беше најефикасен со 26 поени.
Во другите натпревари, победи забелажаа и Далас, Чикаго, Минесота и Портланд.
РЕЗУЛТАТИ:
Кливленд – Атланта 101:95
Индијана – Мајами 102:91 (по продолженија)
Торонто – Далас 95:103
Чикаго – Детроит 97:82
Минесота – Њу Орлеанс 96:89
Сан Антонио – Милвоки 111:121
Портланд – Феникс 134:105
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА