НБА Лига: Шампионот и натаму „спие“, Торонто ја доби „драмата“ против Кливленд

Кошаркарите на Милвоки се поразени на свој терен, овој пат од Њујорк Никс со 113:98. Актуелниот првак го запиша и четвртиот пораз оваа сезона на домашен терен, додека Њујорк, пак, има четири победи на гостински терен. После првата четвртина не можеше да се претпостави дека Њујорк ќе ја однесат победата, со оглед дека Бакс имаа +19, а потоа и +21. Но, гостите почнаа во втората четвртина да ја „топат“ разликата, а на крајот од третиот период да стигнат и до пресврт. Продолжија Никси во ист ритам до крајот и на крајот заслужено славеа. Ренв подстигна 32 поени, Роуз 23.

Победа во гости остварија и Бруклин, Сан Антонио, Кливленд и ЛА Клиперс.

Најинтересен натпревар беше оној во Торонто, каде што домашниот тим го пречека Кливленд. На крајот славје на гостите со 102:101. До победата стигнаа по слободните фрлања на Даријус Гарланд на пет секунди до крајот.

Сакраменто оствари убедлива победа на свој терен против Шарлот, победувајќи го со 140:110. Хилд беше најефикасен со 26 поени.

НБА ЛИГА, РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Бруклин 90-96
Орландо – Сан Антонио 89-102
Вашингтон – Мемфис 115-87
Милвоки – Њујорк 98-113
Торонто – Кливленд 101-102
Минесота – ЛА Клиперс 84-104
Голден Стејт – Њу Орлеанс 126-85
Портланд – Индијана 110-106
Сакраменто – Шарлот 140-110

Се вчитува...