НБА лигата им одзеде пикови на Чикаго Булс и Мајами Хит

НБА лигата ја заврши повеќемесечната истрага околу кршењето на правилото во текот на извршувањето трејдови. Најтешко поминаа Чикаго Булс и Мајами Хит на кои лигата им ги одзема пиковите од втората рунда на следниот драфт.

Преминот на Лонзо Бол од Њу Орлеанс во Чикаго и преминот на Кајл Лаури од Торонто во Мајами беа објавени веднаш по почнувањето на рокот за трејдови што значи дека биле договорени пред неговиот почеток.

Многу тимови претходно останаа без санкции, но имаше и случаи како тој на Богдан Богдановиќ кога Милвоки прерано го објавија потписот со Србинот, а НБА мораше да го поништи трејдот од Сакраменто.

 

Се вчитува...