НБА лигата ја легализираше марихуаната

Кошаркарите во НБА лигата веќе нема да бидат тестирани на марихуана, пренесува еден од најдобро упатени новинари, Адријан Војнаровски.

Синдикатот на кошаркари му потврдил на Војнаровски дека лигата веќе нема да спроведува тестирања за марихуана и со тоа фактички тие добиле дозвола за нејзино конзумирање.

Тоа секако не значи дека сите супстанци се дозволени и дека тестирањата ќе продолжат посебно за супстанци кои помагаат во подобри перформанси на спортистите како анаболичкиот стероид, но и користење на наркотици како што е кокаинот.

 

Се вчитува...