НБА лигата започна истрага против Бруклин поради бизарна причина

Американските медиуми откриваат дека последниот потег на НБА лигата пред почетокот на новата година била одлука да се започне истрага против Бруклин Нетс со оглед на околностите на натпреварот помеѓу овој тим и Милвоки кој заврши со убедлив триумф на Бакс од 144-122.

Бруклин може да биде казнет поради малиот број на играчи кои настапија на овој натпревар и ротацијата во која не беа четири најдобри кошаркари на овој тим. Покрај тоа, како што се зголеми предноста на Милвоки, три кошаркари на Бруклин не се вратија во игра.

Целта на НБА лигата е да се искоренат овие ситуации со оглед на цената на билетите кои ја плаќаат фановите за следење на еден натпревар.

Се вчитува...