НБА лигата жестоко ја казни Филаделфија

Раководството на американската професионална кошаркарска лига НБА ја казни Филаделфија 76со 100.000 долари поради кршење на правилата поврзани со пријави за повреди на играчи.

Претходно оваа недела Сиксерси објавија дека нивната најголема ѕвезда Џоел Ембид нема да игра против Оклахома Сити Тандер, но Ембиид сепак играше и постигна 24 поени за 29 минути во победата на неговиот тим од 109-105.

Тоа беше првиот натпревар на Ембид по враќањето на операцијата на коленото поради што тој пропушти два месеци, или 29 претходни натпревари.

Се вчитува...