НБА му врачи ново признание на Јокиќ – Србинот за првпат ќе игра на католичкиот Божиќ

Посебна тежина во НБА имаат натпреварите на католичкиот Божиќ на 25 декември. Гледаноста на овие мечеви е најголема во „редовната“ сезона и обично е резервирана за дерби дуелите.

Честа да го одиграат својот меч на најголемиот празник во Соединетите Американски Држави годинава ќе ја имаат Никола Јокиќ и неговите Денвер Нагетс, кои ќе играат против Феникс Санс.

Интересно е да се истакне дека МВП на лигата, Никола Јокиќ, за првпат во кариерата ќе игра на католички Божиќ.

Покрај дуелот Денвер – Феникс, на 25 декември ќе проследиме уште неколку интересни натпревари. Далас Маверикс предводен од Словенецот Лука Дончиќ ќе ги пречека Лејкерс на Леброн, финалистите од минатата сезона Бостон Селтикс ќе му гостуваат на Јанис Адетокумбо и на Милвоки Бакс, Џоел Ембиид ќе биде во центарот на вниманието на мечот меѓу Филадефија и Њујорк Никс, додека божиќниот специјал ќе заврши со актуелните шампиони, Голден Стејт Вориорс на домашен терен против Мемфис Гризлис.

Се вчитува...