НБА одбра 75 најдобри кошаркари: Џордан, Коби, Леброн, Мело… (ФОТО)

Во чест на јубилејната 75. сезона, НБА лигата направи листа од најдобрите 75 кошаркари во историјата на лигата по избор на сегашни и поранешни играчи, тренери, генерални менаџери и новинари. Интересно на неа не се најде ниту еден кошаркар од поранешна Југославија и покрај тоа што имиња како Владе Дивац, Тони Кукоч, Дражен Петровиќ, Никола Јокиќ, Лука Дончиќ низ годините носеа значаен придонес на натпреварувањето.

Комплетната листа е составена од американски и канадски кошаркари, а честа на Европа ја бранат само двајца. Германецот Дирк Новицки и Гркот Јанис Адетокупо… Од играчите кои настапуваат во НБА лигата во моментот тука се: Леброн Џејмс, Џејмс Харден, Стеф Кари, Каваи Ленард, Дамиен Лилард, Ентони Дејвис, Расел Вестбрук, Кармело Ентони и Крис Пол.

Се вчитува...