НБА-потег на Димитријевиќ, Дилејни не знаеше што го снајде (видео)

Големите играчи се гледаат на дело на најважните натпревари, а Ненад Димитријевиќ блесна на големото каталонско дерби меѓу Хувентуд и Барселона.

Македонскиот плејмејкер тргна во контранапад и притоа му продаде НБА-финта на Дилејни. Бекот на Барса не знаеше што го снајде, ниту каде е топката, по што Димитријевиќ рутински реализираше на воодушевување на домашните фанови во арената во Бадалона.

Погледнете го овој извонреден потег на македонскиот репрезентативец во најсилната лига во светот.

Се вчитува...