НБА распоред: „Воините“ ја започнуваат одбраната на тронот против Хјустон

НБА го објави распоредот за првите натпревари во новата сезона, како и дерби натпреварите кои ќе се одиграат за време на католичките божиќни празници. Новата кампања започнува на 17. октомври, вторник, со два исклучително тешки натпревари.

Актуелниот шампион, екипата на Голден Стејт вориорс одбаната на титулата ја започнува на домашен терен. Во „Оракл“ арената ќе го пречека тимот од Хјустон со новоформираната двојка – Крис Пол и Џејмс Харден, натпреварот е закажан за четири часот по полноќ

Два часа порано, односно на 18. октомври во 02:00 часот по локално време, ќе има реприза од минатогодишното финале од источната конференција, Кливленд го пречекува обновениот тим на Бостон селтикс.

Интерен ќе биде дуелот помеѓу Њу Јорк никс и Окламоха сити тандерс кој ќе се игра еден ден подоцна, а градското дерби во Лос Анџелес во кое „езерџиите“ ќе бидат во улога на домаќин, ќе го обележи третиот ден од почетокот на сезоната.

Асоцијацијата исто така ги одреди дуелите кои ќе се одиграат за време на католичкиот Божиќ. Познато е дека публиката на американската кошарка редовно ужива во празничен спектакл, а мега-дуелот Голден стејт вориорс – Кливленд кавалирс ќе биде вистински „празник“ за очи.

Возбудливи ќе бидат средбите во Бостон, односно Оклахома. „Селтикси“ ќе се обидaт да го расипaт празничното расположение на ривалот од Вашингтон, односно тимот на Визардс. Во Оклахома, Вестбрук со новиот „помошник“ Пол Џорџ ќе ги предводи Тандерс во посакуваниот триумф над поранешниот соиграч, Џејмс Харден и неговите „ракети“ од Хјустон.DG5nT83VYAIB-ys

    

Се вчитува...