Управата на НБА шампионот Њујорк никс, пред почетокот на новата сезона направи невообичаен потег, привремено ги прекина сите преговори за продолжување на договорите со своите кошаркари.
Челниците на тимот сакаат фокусот на кошаркарите на биде на одбрана на титулата, а со преговорите ќе се продолжи кон крајот на сезоната која треба да стартува на крајот од овој месец.
„Нашиот целосен фокус е на подготовките за претстојната сезона и желбата на навивачите да им овозможиме уште една година на која ќе бидат горди. Поради тоа нема да преговараме за продолжување на договорите со нашите играчи до финишот на сезоната“, стои во соопштението на Њујорк никс.
Оваа одлука директно ќе погоди четворица кошаркари, Карл-Ентони Таунс, Џош Харт, Мајлс Мекбрајд и Тајлер Колек.
Според медиумите, кошаркарите се незадоволни бидејќи нема напредок во преговорите, а оваа одлука дополнително може да внесе немир во тимот.
Најголем проблем може да преставува Карл-Ентони Таунс кој не ја прифати првата понуда која беше за 80 милиони долари помала од максималната сума која може да ја добие.
Желбата на управата беше Таунс да прифати помал договор како што минатата година направи најдобриот играч на тимот, Џејлен Брансон, за да не се надмине селари капот и на другите играчи да им биде понуден минималец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
