НБА со големо признание до кошаркарите на „екс-ју“: Владе, Дражен и Кукоч влегоа во друштво на светските легенди!

Започнува 75-та сезона во НБА лигата, најсилната кошаркарска лига во светот, а нивната официјална веб-страница ја претстави листата на најголемите играчи кои некогаш играле во неа. Владе Дивац очекувано го најде своето место меѓу најголемите легенди на НБА лигата!

НБА лигата сакаше на прекрасен начин да ги претстави сите кошаркарски великани кои го дадоа епитетот на ова натпреварување за најголема и најсилна лига во светот во текот на децениите. Од самиот почеток на лигата во средината на 1940-тите до денес, повторно се појавуваат големи ѕвезди кои оставаат зад себе автентичен белег.

На листата се сите најголеми имиња од светската кошарка кои дадоа свој придонес во НБА лигата. Покрај играчите како Вилт Чембрлен, Карим Абдул Џабар, Мајкл Џордан, Меџик Џонсон, има и тројца играчи од „екс-ју“, а тоа се Владе Дивац, Тони Кукоч и Дражен Петровиќ.

Се вчитува...