НБА стана партнер со казината „МГМ“

НБА стана првата лига во било кој американски спорт што потпишала спонзорски договор со компанија поврзана со обложување. Комесарот на лигата, Адам Силвер, соопшти дека НБА се договорила со познатата „МГМ“ што ќе и даде право на обложувачката компанија да ги користи името, логото и директните стримови од натпреварите како и правото на ексклузивен партнер за организирање обложување на натпреварите од лигата.

Договорот е на три години и е вреден 25 милиони долари.

Ваквиот развој на настаните не е изненaдување со оглед дека токму Силвер беше најпрогресивен меѓу шефовите на сите спортски лиги во САД околу ваквиот тип на договори.

Според договорот, НБА дозволува „МГМ“ да го користи логоата и имињата на клубовите во сите казина низ земјата. Исто така тие ќе се појавуваат и на апликацијата за обложување што ја има компанијата, а која се користи во државите од САД кои овозможуваат онлајн обложување.

 

Се вчитува...