НБА Топ 10: Вечер во знакот на додавањата на Лука Дончиќ (ВИДЕО)

Изминатата вечер во најсилната кошаркарска лига беа одиграни 14 натпревари по кои на победи се радуваа Шарлот, Орландо, Атланта, Бостон, Мајами, Торонто, Хјустон, Минесота, Њу Орлеанс, Оклахома, Лос Анџелес Клиперс, Феникс, Портланд и Далас.

Меѓу најубавите десет потези на вечерта место имаше два пати за Лука Дончиќ и неговите додавања. Словенецот прво асистираше под нозете на Леброн Џејмс, а потоа имаше и клучно додавање вредно победа во самиот финиш на средбата против ЛА Лејкерс.

Се вчитува...