НБА: Тројка на Дончиќ со звукот на сирената за победа, Јокиќ донесе триумф на Денвер (ВИДЕО)

Синоќа се одиграа неколку интересни натпревари во НБА Лигата, во кои барем два беа решени во последната секунда. Во првиот меч, Денвер го совлада тимот на Хјустон со 95:94. Во последната секунда Јокиќ не му дозволи на противничкиот играч да се закани и да ја донесе победата на Хјустон, па Србинот на крај излезе човек на одлука.

Човек на одлука за Далас беше Лука Дончиќ кој што постигна тројка со звукот на сирената за триумф над Бостон. Двата тима во последниот напад влегоа во „егал“, а Словенецот прекрасно погоди за победа 107-104.

Чикаго на свој терен беше поразен од Филаделфија, додека Феникс ја совлада Атланта. Шампионот на колена на гостувањето кај Портланд. Домашните триумфираа со 105:90.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Денвер – Хјустон 95-94

Мајами – Јута 118-115

Чикаго – Филаделфија 105-114

Далас – Бостон 107-104

Феникс – Атланта 121-117

Портланд – ЛА Лејкерс 105-90

Се вчитува...