НБА воведува три нови правила

Управниот борд на НБА усвои три промени на правила кои натпреварувачкиот комитет ги предложи за наредната сезона 2018/2019. Според соопштението на лигата, часовникот за времето за напад ќе се ресетира на 14 секунди кога тимот во напад ќе добие втор посед на топката, ќе се поедностават случаите за неспортски фаули, а судиите ќе добијат можност за прегледување на снимката и во повеќе ситуации на „непријателски потези“ на теренот.

За да се забрза темпото на игра, времето за напад ќе одбројува од 14 секунди наназад (а не од 24 како досега) по секој офанзивен скок, по лична грешка на играчот во одбрана при обид за скок и секогаш кога играчот во одбрана ќе ја исфри топката надвор од теренот.

За неспортските фаули, се воведуваат стандарди врз основа на позицијата на играчите во моментот на прекршокот, се стеснува просторот за слободно судиско уверување и се намалува бројот на можностите во кои ќе се применува примената на правилото. Како неспортски фаул се дефинира лична грешка над играч кој е во напад во фаза на транзиција на неговиот тим, под следниве услови: топката да е пред врвот на кругот во задното поле, да нема одбранбен кошаркар пред играчот којшто во транзиција е во шанса за постигнување кош, тој притоа да ја контролира топката или таа со додавање да му е упатена нему и ако прекршокот го спречува неговиот тим да даде кош. Санкционирањето ќе остане исто: со две слободни фрлања, плус посед на топката за тимот којшто е во напад.

Во однос на третото правило, судиите сега ќе имаат повеќе слобода за прегледување на снимките за да одредат дали на теренот имало „непријателски однос“ од страна на некој играч или тренер против друг играч, тренер, судија или гледач. Досега судиите можеа да прегледуваат тепачки или физички пресметки во кои се вклучени играчи и тренери.

 

 

 

 

Се вчитува...