НБА засилување на Александар Ѓорѓевиќ во Болоња

Виртус Волоња оваа сезона игра одлично. Избранците на Александар Ѓорѓевиќ се без пораз во Еврокупот (7-0), а се наоѓаат на четвртото место во италијанското првенство со скор 5-3. Во своите редови Србинот има играчи како Милош Теодосиќ и Џулијан Гембл, а сега „арсеналот“ дополнително го засилија и со Марко Белинели, кој по 13 години поминати во НБА лигата се враќа во родната земја.

Шампионот од 2014 година беше избран како 18 пик во 2007 година, а претходната сезона бележеше просек од 6.3 поени и 1.7 скока за 15.5 минути поминати на паркетот во дресот на Сан Антонио, во сезоната во која добиваше најмала минутажа.

34-годишниот Белинели потпиша три годишен договор во Виртус Болоња, великанот на италијанската кошарка кој во последните години покажува амбиции за влез во Евролигата.

Се вчитува...