НБА-ѕвезда се бори со мистериозна болест: Секој ден губи по еден килограм

Кошаркарот на Кливленд, Лери Ненси се бори со мистеризна болест. Според пишувањата на американските медиуми, кошаркарот на Кливленд изминативе десет дена неочекувано загубил цели 10 килограми.

Ненси почна лошо да се чувствува на 29. март пред мечот со Јута, пропуштајќи го тренингот, а и самиот натпревар. Потоа пропушти уште три натпревари на тимот.

На тестовите за коронавирус бил негативен, но лекарскиот тим и натаму не успева да пронајде која болест го мачи поради која губи по еден килограм дневно.

Во моментов е постојано на инфузија, поради што неизвесен е натамошниот тек на лекување. Кошаркарот на Кливленд сезонава во просек бележи по 10,1 поен и 7,1 скок по натпревар.

Се вчитува...