НБА-ѕвезда во хумана мисија: На загрозените од пожарите во Грција ќе им плати хотел

Во моментов во Европа беснеат многу големи пожари, а дел од нив се во Грција и ситуацијата е навистина алармантна, па поради тоа НБА-кошаркарот Јанис Адетокумпо ветил дека ќе помогне финансиски.

Адетокумпо обезбедил повеќе од 60 соби во пет хотели за семејствата кои останаа без нивните домови поради големите пожари кои ја зафатија Грција.

Загрозените семејства беа повикани преку медиумите да се јават во хотелите во кои ќе добијат сместување во следните три дена.

 

 

 

 

Се вчитува...