Српската кошаркарска ѕвезда Василије Мициќ кој по успешниот настап во Евролигата продолжи да се натпреварува во НБА пристигна во Абу Даби каде ќе биде свечен гостин на престојниот „Фајнл-фор“ турнир.
Мициќ говореше за медиумите, а беше запрашан и дали ќе биде дел од српската репрезентација која ќе настапи на престојниот континентален собир на крајот на август и почетокот на септември. Неговиот одговор ги израдува Србите.
„Прво, само да сум здрав, тоа ни е приоретет на сите нас. Подготвен сум, сакам да играм, сите имаме желба да играме за репрезентацијата. Започнав то тренинзи и јас тоа го правам така во тишина, а до почетокот на официјалниот почеток на подготовките има уште многу“, изјави Мициќ.
Србија групната фаза ја игра во Летонија каде за противници покрај домаќинот ќе ги има и Португалија, Естонија, Турција и Чешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА