Историска сезона во Ф1: Се воведуваат спринт-трки!

Сезонава ќе биде историска за Формула 1 откако конечно е договорено меѓу ФИА и тимовите учесници на три патеки да бидат воведени спринт-трки.

Должината на квалификациските спринт-трки ќе биде 100 километри и ќе се одржуваат сабота попладне, и ќе ги одредат позиции на возачите за неделните трки во својата полна должина.

Стартните места за спринт-трките ќе бидат одлучени во квалификации во петок, согласно актуелниот формат.

Новина е и тоа дека возачите ќе собираат бодови во квалификациите. Победникот ќе добие три бода, второпласираниот – два, а третопласираниот ќе освои еден бод.

Во ФИА сметаат дека со воведувањето на новите правила ќе воведат поголеми возбудувања во Формула 1, а веќе се размислува и за нов систем на бодување, кој би вклучил квалификации, трка, спринт-трка и брз круг, односно цел викенд.

Се вчитува...