Не е човек од збор: Ембид прво го молел Макрон за француски пасош за потоа да ги „изигра“ Французите

Џоел Ембид по неколку месечно двоумење за изборот на репрезенација (бираше помеѓу Камерун, Франција и Соединетеите американски дражви) одбра да му се приклучи на „дрим тимот“ на САД со кој се очекува и да настапи на престојните Летни олимписки игри кои интересно, ќе се одржат во главниот град на Франција.

А, пак додека се чека дебито на центарот на Филаделфија на репрезентативно ниво француските медиуми стигнаа до писмо кое Ембид го испратил до претседателот на Франција, Емануел Макрон во 2021 година молејќи го да му помогне со постапката за добивање на државјанство, притоа ветувајќи дека нема желба да игра за друга репрезентација.

„По дискусиите со Кошаркарската репрезентација на Франција донесов одлука дека сакам да добијам француско државјанство и да можам да настапувам за „сините“. Согласно со тоа, немам желба за настап за ни една друга репрезентација… Ќе бидам горд доколку настапам за Франција и ја претставувам на големите натпреварувања, пред се на Олимписки игри во 2024 година…

Проценувајќи го значењето на моето барање, што претставува, што значи, но и во одредени аспекти неговото времетраење и сложеноста за доделување државјанство ја барам вашата поддршка во овие иницијативи, поддршка без која тие нема да бидат успешни“, стои во дел од писмото испратено од Ембид до Макрон.

Се вчитува...