„Не е добро за тенисот, жал ми е што ова му се случува на Ноле“

И хрватскиот тенисер Марин Чилиќ говореше околу целата ситуација со Новак Ѓоковиќ и неговиот влез во Австралија.

Хрватот смета дека цела оваа работа и тоа што првиот рекет во светот веќе четири дена е затворен воопшто не е добра за тенисот.

„Тешко е да се каже. Дефинитивно ова не е добра работа за тенисот бидејќи влијае на целиот свет, а ние и понатаму сме во ситуација во која не знаеме кога ќе заврши пандемијата. Реално гледано за тенисот најважно е тоа што се случува на терените. Искрено јас немам доволно информации за се што се случува и затоа не можам да коментирам, но навистина ми е жал за Ноле. Неверојатно е дека се случува на овој начин и тоа му се случува на Новак“, изјави Чилиќ. 

Се вчитува...