Не е Иран: САД ги затвори границите за друга селекција учесник на СП 2026

Дваесетина дена пред почетокот на СП 2026 на прагот сме на нов огромен скандал, откако американские власти објавија дека нема да дозволат влез на една од селекциите – учесници на мундијалот. Не станува збор за Иран, држава со која САД е во воен конфликт, туку за репрезентацијата на Конго, земја во која владее епидемија на ебола.

Оваа репрезентација се уште се нема комплетирано, го откажа тренинг-кампот во татковината поради бројни случаи на ебола и закажа нов во Белгија. Сепак, од САД стигна сериозна закана, откако директорот на организацискиот одбор на СП 2026, Ендрју Џулијани, им порача на членовите на оваа делегација дека нема да им биде дозволен влез во државата.

„Веќе разговаравме и утврдивме дека делегацијата на Конго мора да остане во „балон“ 21 ден, пред воопшто да размислиме да им дозволиме да дојдат во Хјустон на 11 јуни. Им го објаснивме тоа на луѓето од федерацијата, како и на државните власти, дека со напуштање на „балонот“ ќе го ризикуваат доаѓањето во нашата земја. Сигурно нема да им дозволиме без безбедносни мерки, нема да дозволиме да го внесат овој опасен вирус во нашата земја“, категорично порача Џулијани.

Kонго својот прв натпревар на СП 2026 ќе го игра на 17 јуни против селекцијата на Португалија.

Се вчитува...