Не е крај: Мароко најави тужба поради инцидентот во финалето на АКН

Мароканската федерација има намера да ги тужи Африканската фудбалска Конфедерација (АФК) и светската фудбалска унија (ФИФА) за случувањата во финалето на Африканскиот Куп на Нациите, кога фудбалерите на Сенегал го напуштија теренот по досудениот пенал за Мароко во последните мигови од мечот.

Во знак на револт, Сенегалците заминаа во соблекувалната, но потоа по повик од Садио Мане, се вратија на теренот, а Мароко го промаши пеналот, потоа загуби во продолженијата со 1-0.

Мароканците сметаат дека напуштањето по враќањето влијаело на перформансите на играчите.

„Кралската мароканска фудбалска федерација објавува дека ќе поднесе тужба против Конфедерацијата на африкански фудбал (АФК) и ФИФА во врска со исклучување на репрезентацијата на Сенегал од финалето на Африканскиот куп против Мароко и последователните настани по одлуката на судијата да досуди пенал, што сите експерти ја сметаа за правилна. Ова значително влијаеше на нормалниот тек на натпреварот и на перформансите на играчите. Понатаму, изразуваме искрена благодарност до сите марокански навивачи кои останаа лојални на националниот тим преку нивното присуство и примерна поддршка на сите натпревари и други турнири. Федерацијата, исто така, им се заблагодарува на сите што придонесоа за успехот на ова континентално натпреварување“, се вели во соопштението на федерацијата.

Се вчитува...