Не е ништо ново – мундијалите им станаа навика на ракометарите (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Клуж,

Билјана Б. Петрушева

Да се биде дел од светските шампионати не е мала работа, па токму затоа континуитетот што го осигуруваат ракометарите на секој мундијал е за голема почит и поздравување. Романија не е моќен ривал, но не е ниту наивна репрезентација, но Македонија покажа квалитет и искуство, па без многу пот стигна до билет за Данска и Германија.

Да се потсетиме, серијата почна со СП во Шпанија во 2013 година, продолжи во Катар две години подоцна, па во 2017 бевме дел од светската елита и во Франција. Осминафиналето секогаш беше краен дострел на нашите ракометари, но со поголемо искуство, како и со Раул Гонзалес на клупата, со право можеме да се надеваме и на нешто повеќе наредниот јануари.

Се вчитува...