Не е нормално: Одигра 31 меч во НБА, па потпиша за 148 милиони долари

Речиси секој нов ден сме сведоци на некој нов мултимилионски договор во НБА-лигата, но никој не е така изненадувачки кко оној на Џоел Ембид со Филаделфија.

Станува збор за 23-годишен кошаркар кој важи за еден од најпопуларните млади играчи во лигата, а кој ланската сезона одигра само 31 натпревар во дресот на Филаделфија. Сепак, раководството на овој клуб реши да го задржи понудувајќи му неверојатни услови за продолжување на соработката – дури 148 милиони долари за следните пет сезони.

Покрај оваа фантастична сума (во просек нешто помалку од триесет милиони долари годишно), Ембид би можел да заработи и дополнителни 30 милиони долари доколку освои индивидуални награди како влез во најдобрата петорка во НБА или закитување со МВП признанието.

Ризикот на Филаделфија е огромен ако се знае дека тој е избран на драфтот во 2014 година, но веќе имаше сериозни проблеми со повреди. Сепак, платите во НБА ионака веќе ги надминаа границите на нормалата.

Се вчитува...