Не е обичен трач: Меси преговара со Интер!

Лионел Меси би можел да ја напушти Барселона и кариерата да ја продолжи во Интер, почнувајќи веќе од јули 2020 година. „Трачот“ прв го пушти поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати, кој изјави дека кога „нероаѕурите“ можеле да го доведат Роналдо од Барса, сега можат истото да го сторат и со Меси.

А дека не станува збор за обичен трач денеска потврди новинарот на аргентинската телевизија „ТНТ Спортс“, според кој преговорите се веќе стартувани. Според актуелниот договор, Меси има можност да си замине од Барселона без никаква отштета кон каталонскиот гигант, така што доколку Интер го убеди Аргентинецот на мегатрансфер, истиот би се реализирал без да биде неопходна согласност од каталонскиот гигант.

Лео има понуди. Њуел Олд Бојс сака да го врати назад во татковината, а Интер исто така притиска. Она што го зборуваше Морати е вистина, веќе има разговори на темата, италијанскиот клуб работи напорно да го убеди Лео на трансфер“, истакна новинарот Кастилја од „ТНТ Спортс“.

Меси упорно тврди дека е среќен во Барса и не размислува за заминување, но во последните неколку месеци тој во неколку ситуации влезе во конфликт со управата. Најпрвин бевме сведоци на пресметка со директорот Абидал, а во преговорите за намалување на платите не беше задоволен ниту од односот на претседателот Бартомеу. Дали тоа ќе биде доволно за да му „пукне филмот“ и да си замине од „Камп Ноу“, ќе дознаеме за неколку месеци.

Се вчитува...