Не е „романтично“, ама е надежно: Работнички ремизираше (1-1) со Динамо Минск

Работнички ремизираше (1-1) против Динамо Минск во рамките на второто квалификациско коло од Лигата на Европа. Бојан Најденов од пенал во 90.минута донесе реми за „романтичарите“, откако Амир Билали беше соборен во шеснаесетникот на Динамо Минск.  Белорусите поведоа во 53.минута, а стрелец на голот беше Владимир Квашчински, откако со удар со глава ја затресе мрежата на Шишковски. Реваншот ќе се игра за седум дена во Белорусија.

Уште на самиот старт одлична шанса имаше Работнички. Кире Маркоски го проигра Суад Сахити, кој излезе сам пред голот на Динамо Минск, но не ја прифати најдобро топката, а беше во супер шанса за погодок. Но, возвратија и Белорусите во десеттата минута.

IMG_1801

Квашчински излезе сам пред голманот Шишковски, а тој со фантастична интервенција спаси сигурен гол. Потоа и Сарока беше во одлична можност, но расчисти одбраната на „романтичарите“ во последен момент.

По ова мечот влезе во помирен тек, а Суад Сахити се закани два пати, во 28. и во36.минута, но голманот Андреј Климович сепак не дозволи да се тресе неговата мрежа.

Во 50.минута, Нојок испрати силен удар од 25 метри, но Шишковски успеа да ја скроти „бомбата“ што беше упатена кон неговиот гол. Три минути подоцна, Динамо Минск поведе.

IMG_1473

По центаршутот од десната страна, Сарока со глава ја врати топката во петерецот, а Владимир Квашчински со удар со глава ја испрати во небранетиот дел од мрежата на Шишковски.

Vladimir Khvashchinskiy scored first goal for… by ruhulsinbad

Во 66.минута, Антон Сарока шутираше од 18 метри, но овојпат голманот на Работнички одбрани. Кире Маркоски упати непрецизен шут од 16 метри во 75.минута.

Во 82.минута, капитенот Душко Трајчевски падна во противничкиот шеснаесетник, но судијата Арнолд Хантер не досуди пенал, а во следната минута Емир Сахити заработи црвен картон во составот на „романтичарите“ поради груб старт.

IMG_1737

Во самата завршница, пенал за Работнички. Амир Билали беше соборен во шеснаесетникот на гостите, а Бојан Најденов ја претвори во погодок најстрогата казна и донесе надежно реми пред гостувањето во Белорусија.

Najdenov B. (Penalty) Goal HD – Rabotnicki (Mac… by football365life2

IMG_1287

РАБОТНИЧКИ – ДИНАМО МИНСК 1-1 (0-0)

Комплекс „Петар Милошевски“ во ФФМ. Гледачи: 1.000. Судија: Арнолд Хантер (Северна Ирска). Стрелци: Најденов 90’ пен. (Работнички), Квашчински 53’ (Динамо Минск). Ж. Картони: Херера, С. Сахити, Трајчевски (Работнички), Кавшчински, Сачивко, Галовиќ (Динамо Минск). Црвен картон: Емир Сахити (Работнички).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Илиев (55’ Билали), Рашо, Митрев, Херера, Трајчевски, Најденов, Дурански (59’ Е. Сахити), С. Сахити (67’ Кадриу), Велинов, Маркоски.

ДИНАМО МИНСК: Климович, Кузменок, Галовиќ, Сачивко, Бегунов, Нојок, Лековиќ, Остроук, Лукиќ (68’ Николиќ), Сарока, Квашчински (85’ Карпович).

 

Се вчитува...