Не е се во парите: Мата ги одбива астромонските понуди на богатите Саудици

Хуан Мата ова лето го напушти Манчестер Јунајтед како слободен играч и сам ќе ја бира својата следна дестинација. Која ќе биде истата останува да видиме, но јасно е 34-годишниот Шпанец нема да трне го парите бидејќи одбива невеојатни понуди од Саудиска Арабија.

Според пишувањата на шпанските медиуми доскоршениот „ѓавол“ нема намера да продолжи во „источниот свет“ и понудите од 10 милиони евра по сезона од Ал Хилал не го привлекуваат неговото внимание. Напротив, тој сака да остане во Европа каде ги преферира Шпанија и Англија.

Мата својата богата сениорска кариера ја започна во вториот тим на Реал Мадрид, но откако не успеа да се избори за место во првиот состав премина во Валенсија во 2007 година. Таму остана до 2011 година кога ги промени клупските бои со оние на Челси, а по три сезони во редовите на „сините“ заврши како играч на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...