Тотенхем е клубот што потроши убедливо најмногу пари во фудбалска Европа летово, лондонскиот клуб само изминатата седмица комплетираше два трансфери од Манчестер Сити вредни 150 милиони фунти (Савињо и Мармуш), но како што и многу пати во минатото се покажувало, парите на можат така лесно да ги поправат длабоките проблеми.
„Спарси“ тоа најдобро го почувствуваа на своја кожа, па по убедливиот пораз во првото коло од Брентфорд вечерва капитулираа и на премиерата на својот стадион, губејќи од Њукасл со 0-2.
Гостите продадоа дел од најдобрите фудбалери, најскапа продажба им беше на Тонали токму во Тотенхем, но сепак најдоа начин да стигнат до трите бода на ова незгодно гостување.
„Спарси“ можат да жалат за промашувањата во првото полувреме кога не реализираа неколку убави можности. Казната стигна во вториот дел, најпрвин Еланга мајсторски погоди за 0-1, пред Виса да ги постави конечните 0-2 со мајсторија по една мешаница по корнер од десната страна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
