Не е шега: Роналдо доби честитка и од Барселона!

Погодокот на Кристијано Роналдо против Јувентус во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите не остави никого рамнодушен. Доби аплаузи и од навивачите на Јувентус, а потоа и од целокупната светска фудбалска јавност.

Но, Португалецот доби честитка и од таборот на лутиот ривал Барселона. Хрватскиот репрезентативец не можеше да го сокрие воодушевувањето од ножичките на Роналдо…

„Секоја чест на Роналдо. Тоа беше навистина неверојатно и фантастично. Останав без зборови“ – рече Ракитиќ.

И Барселона, како и Реал, има три гола предност за реваншот од четвртфиналето откако во првиот меч славеше против Рома со 4-1.

Се вчитува...