Вардар е веќе во Шведска и се прилагодува на условите во пресрет на првиот дуел против Малме, во рамките на квалификациите за Лигата на шампионите. Не е „шведска маса“, оној најприфатлив за нас вокабулар кога е оваа држава во прашање, но „црвено-црните“ секако се дојдени за да одиграат фудбал, најдобро што знаат и умеат, на шведскиот терен.
Тренерот Гоце Седлоски полека ја „крои“ тактиката за мечот в среда (19 часот), а сите фудбалери се максимално мотивирани и подготвени за игра. Со надеж дека Вардар од Малме ќе се врати со позитивен резултат, пред реваншот во Струмица.
Фото: www.fkvardar.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА