„Не е точно дека Ѓоковиќ нема многу навивачи“

Поранешната британска тенисерка, Лора Робсон истакнува дека не е точно тврдењето дека Новак Ѓоковиќ нема многу навивачи во светот.

28-годишната Британка која некогаш беше и 27. на ВТА листата мораше многу рано да се повлече од турнејата поради големиот број на повреди.

„Мислам дека Новак има голем број на навивачи. Секој пат кога ќе прокоментиран на „твитер“ некој негов натпревар има многу коментари од неговите загрижени фанови. Чувствувам дека има многу навивачи. Во споредба со Надал и Федерер можеби не се толку гласни на стадионите. Мислам дека Ѓоковиќ добива доста поддршка од навивачите. Веројатно ќе заврши како најголем на сите времиња, па затоа и заслужува многу повеќе почитување“, изјави Робсон. 

Ѓоковиќ во неделата стигна до својата 21. гранд-слем титула.

Се вчитува...