Не ја отпишувајте Аргентина: Меси и Хернандез за победа против Мексико

Аргентина стигна до првата победа на Светското првенство во Катар откако вториот натпревар славеше против Мексико со 2-0 во ектра интересен натпревар проследен со голема битка на теренот. Мексиканците долго успеваа да ја сочуваат мрежата недопрена, но Меси во 64. минута најде решение на мексичкиот ѕид.

Победата ја осигура Хернандез во 87. минута со одличен удар во шестнаесетникот на асистенција на Меси за кој Очоа немаше одбрана.

Оваа победа ја донесе Аргентина на втората позиција на табелата и на добар пат да стигне до осминафиналето, но за тоа ќе бидат потребни и бодови во последниот меч против Полска. Мексико се уште има шанси за пласман во следната фаза со триумф над Саудиска Арабија, но сега не зависи сам од себе.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...