Не Модриќ, туку Ракитиќ ќе дојде во Интер

Во Интер ќе пристигне Хрват следното лето, но тоа ќе биде Иван Ракитиќ од Барселона, најавува италијанскиот весник „Газета дело спорт“. Иако долг период се најавуваше трансферот на Лука Модриќ од Реал Мадрид, сепак, „кралскиот клуб“ ќе му понуди нов договор на најдобриот светски фудбалер за 2018 година, а на „Џузепе Меаца“ би можел да пристигне Ракитиќ.

Играчот за врска на Барселона побарал од претседателот Хозеп Марија Бартомеу на лето да го пушти во Интер. По завршувањето на сезоната на „Камп Ноу“ ќе пристигне Френки де Јонг, а тоа значи дека ќе мора да си замине десет години повозрасниот Иван Ракитиќ. Тој знае дека со доаѓањето на новите помлади фудбалери ќе го загуби стандардното место во првиот состав и сака навреме да се пресели во Италија.

 

Се вчитува...