„Не“ од газдата на Бруклин за ултиматумот на Дурент

Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Кевин Дурент пристигна во Бруклин Нетс како клучен дел од мега проектот на тимот од Источната конференција, но три сезони подоцна се наоѓа пред заминување од тимот кој наместо на прагот на титула се наоѓа на прагот на распаѓање.

Од клубот замина Џејмс Харден, незадоволство изрази и втората ѕвезда Кајри Ирвинг, а во текот на вчерашниот ден се појавија информации во американските медиуми дека Дурент поставил ултиматум до газдата на тимот, Џо Цаи.

Со истиот го обврзал милијардерот да бира помеѓу него и тренерот Стив Неш и генералниот менаџер Шон Маркс, кои се „виновни“ за лошата атмосфера и работа во тимот, но се чини дека на Канаѓанецот со таиванско потекло не му требаше многу време да ја донесе одлуката откако преку социјалната мрежа Твитер објави дека неговата доверба ја имаат раководството и тренерите.

„Нашето раководство и тренерите ја имаат мојата поддршка. Ќе донесеме одлука која е во најдобар интерес на Бруклин Нетс“, објави Цаи.

Како следна дестинација за 33-годишникот се споменуваат Мајами, Феникс и Бостон. Која ќе биде најдобрата опција за Бруклин останува да видиме.

Се вчитува...