Не одигра ниту една минута за новиот клуб, а веќе е мета на расистички навреди

Англискиот премиерлигаш Хал сити го осуди „одвратните расистички навреди“ упатени кон новиот играч Робинио Ваз на социјалните мрежи.

 

 

Хал сити во вторникот објави дека од Рома го ангажирал 19-годишниот фудбалер на едногодишна позајмица. Во, меѓувреме, објавата е избришана од социјалните мрежи бидејќи под неа имаше поголем гол навреди на расна основа, а од клубот соопштија дека соработуваат со полицијата.

„Ниту една личност не смее да доживее навреди на расна основа и клубот му дава целосна поддршка на Робинио. Клубот има политика на нулта толеранција кон сите видови на дискриминација. Во изминатите 24 часа имавме контакти со Премиер лигата, организациите за борба против дискриминација, како и компаниите кои раководат со социјалните мрежи. Ние го поддржуваме Робинио и ги повикуваме нашите навивачи да продолжат да го пријавуваат секој вид на дискриминација“, стои во соопштението на Хал сити.

Робинио Ваз минатата сезона во дресот на Серија А, а во договорот со Хал за кого се очекува да дебитира претстојниот викенд има опција за откуп на договорот.

Се вчитува...