Не помина финансискиот извештај на Одбојкарската федерација

Поради констатиран пропуст во финансискиот извештај и разлики во бројките во извештаите доставени до клубовите на Собранието и извештајот во Централниот регистар, финансискиот извештај беше тргнат од дневниот ред на денешното собрание на Одбојкарската федерација на Македонија.

Собранието донесе одлука дека дополнително ќе ангажира независна ревизорска куќа која ќе направи анализа и нов финансиски извештај кој дополнително ќе биде доставен до делегатите. Федерацијата презеде обврска ревизијата да ја најде во рок од еден месец.

Се вчитува...