Не постојат неважни натпревари за германската машинерија – Баерн со четири гола за едно полувреме против Аугзбург (ВИДЕО)

Баерн Минхен води со 4-0 на полувреме проитв Аугзбург во последниот сезонски натпревар. Иако нема никакво резултатско значење овој натпревар, а Баварците веќе ја обезбедија титулата во Бундеслигата, фудбалерите со стил сакаат да се простат од својот тренер Ханси Флик за кого ова е последен натпревар на клупата на германскиот гигант. .

Коман, Гнабри и Кимих, како и автоголот на Гувелуе беа доволни за убедлива предност на Баерн на полувреме.

Се вчитува...