„Не се фер кон Кавани, Роналдо дојде и го зазеде неговото место“

Поранешниот играч на Јунајтед Димитар Бербатов смета дека Манчестер Јунајтед не се однесува коректно кон Единсон Кавани.

Едисон дојде во англискиот клуб во октомври 2020 година како слободен играч, а неговиот договор истекува на крајот од сезоната. Иако играше добро минатата сезона, оваа сезона не доби многу шанси.

„Иако имаше добра минатата сезона, Кавани не игра многу. Кога некој како Роналдо доаѓа во клубот, целото внимание е насочено кон него, тој ги игра сите натпревари. Тоа не е фер, бидејќи Кавани беше толку добар за тимот минатата сезона, заслужи нов договор, а потоа на негово место дојде Роналдо. Не е фер, но такви работи се случуваат во фудбалот“, изјави Бербатов.

Странските медиуми пишуваат дека постои можност уругвајскиот фудбалер да го напушти „Олд Трафорд“ во јануари.

„Ако има шанса, ако има понуда од Барселона, секако дека ќе размисли за тоа, бидејќи сака да игра повеќе. Би го поддржал и би му рекол да оди да игра, за да може да заработи многу пари“, искрено проговори Бербатов.

Се вчитува...