Тренерот на Далас: „Не смеам ни да ви кажам колку илјадници долари изгубив од Дончиќ“

Лука Дончиќ повторно ја воодушеви јавноста во вчерашната победа над Мемфис откако во последниот напад на средбата, словенечкото „џудо од дете“ погоди „циркус-шут’ во пад за три поени со што ги постави конечните 114-113.

Целата ситуација по натпреварот на интересен начин ја прокоментира неговиот тренер Рик Карлајл, кој изјави дека воопшто не смее да каже колку пари изгубил во опклади со младиот Словенец.

„Не смеам да ви кажам колку илјадници долари изгубив од Дончиќ, кладејќи се на неговите обиди од половина терен. Кога во неговата втора година бевме во Мексико Сити му исплатив во песоси бидејќи бев многу лут. Не се кладам повеќе со него. Видов се. Видов како погодува обиди од половина терен, ‘без коски’, и како погодува од 12 метри“, изјави тренерот на Далас.

Се вчитува...